Стејт департмент: Кина би можела да ги искористи односите со Русија за да ја запре војната во Украина

од Milan1
228 прегледи

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, синоќа изјави дека Кина има уникатен однос со Русија што може да се искористи за ставање крај на руската војна против Украина.

Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан денеска во Рим разговараше со високиот кинески функционер Јанг Јиечи, а портпаролот на Стејт департментот Прајс го коментираше состанокот, истакнувајќи дека Пекинг има силни врски со Русија.

Објавени извештаи

„Односот меѓу Русија и Кина се разликува од односот што ние, или која било друга земја на планетата, го имаме со Русија. Имајќи го тоа на ум, Кина би можела да направи повеќе од веројатно многу други земји за да стават крај на ова бесмислено насилство, оваа бруталност, војната на Путин“, рече Прајс.

Во текот на викендот беа објавени извештаи во медиумите дека Русија бара економска и воена помош од Кина со цел да ги зајакне своите воени напори во Украина. Властите во Русија и Кина ги негираа информациите.

Соочени со последиците

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки вчера изјави дека Пекинг ќе се соочи со последици доколку одлучи да и помогне на Русија во форма на испраќање воена опрема или ублажување на последиците од санкциите што Западот ги воведе кон Москва.

„Суливан отворено ја предупреди Кина дека давање воена и друга помош за Русија значи кршење на санкциите и поддршка на војната и дека тоа ќе има последици. Сепак, не можам да дадам детали за тоа какви ќе бидат резултатите. За тоа преговараме со сојузниците и партнерите“, рече Псаки.

Слични содржини