443
САД ќе обезбедат дополнителна хуманитарна помош од 404 милиони долари за палестинските цивили во Газа, Западниот Брег и регионот, со што вкупната американска помош во изминатите осум месеци изнесува над 674 милиони долари.
„Како најголем поединечен хуманитарен донатор на палестинскиот народ, ја препознаваме итната потреба поголемата помош да стигне до цивилите со оглед на катастрофалните хуманитарни услови и ги повикуваме сите донатори да ги поддржат операциите за спасување животи на Палестинците во Газа и регионот“, наведе Стејт департментот во денешното соопштение.
Новиот пакет финансиска помош ќе помогне во обезбедувањето храна, вода за пиење, како и здравствена и психосоцијална поддршка, образование и засолништа.