Stellantis: Автомобилите со мотори со внатрешно согорување ќе можат да се возат и во 2050 година

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Еден од најголемите поборници на електрификацијата во Европа, групацијата Stellantis, ја интензивира темата и во исто време ја менува плочата. Оваа информација не е од вчера, но мултинационалната групација се повеќе укажува дека автомобилите со мотори со внатрешно согорување (ICE) ќе продолжат да возат по патиштата и во 2050 година, главно благодарение на синтетичките горива.

Иако повеќето производители на автомобили веќе имаат подготвено планови за транзиција кон електричната ера, автомобилите со класични мотори нема да исчезнат од патиштата во скоро време. Ова мислење доаѓа од групацијата Stellantis, која е и еден од најголемите поборници на електрификацијата од нејзините почетоци, а во последно време, очигледно под притисок на Кина, се повеќе ја интензивира оваа тема.

Според Кристијан Мулер, виш потпретседател на оваа мултинационална групација, автомобилите со термомотори продадени до 2029 година ќе продолжат да циркулираат по европските и светските патишта во 2050 година.

Тоа ќе биде овозможено благодарение на употребата на синтетички горива со ниски емисии, наместо традиционалните горива, кои би ги одржале термалните мотори во живот и по 2035 година, кога и официјално треба да биде произведен последниот автомобил со „класичен“ мотор. Stellantis оптимистички известува дека тестирале стари и нови термални мотори во соработка со арапската нафтена компанија Aramco. Резултатите од тестот покажуваат дека дури 24 типа на мотори со внатрешно согорување, произведени од Stellantis од 2014 година до денес, можат да работат на синтетички горива без никакви модификации на моторот.

Се проценува дека таквите мотори се целосно компатибилни со новите синтетички горива и се присутни во околу 28 милиони автомобили на патиштата во Европа. Во таа комбинација, постои и потенцијал за намалување на емисиите на CO2 до 400 милиони тони на Стариот континент помеѓу 2025 и 2050 година.

Слични содржини