Стенкал по телефон и мастурбирал, поранешна асистентка го тужи Канје Вест

од Илинка Илиоска
43,1K прегледи

Поранешната асистентка на Канје Вест, Лорен Пишота го обвини за сексуално вознемирување. Според 35-годишната Пишота, која е  и модел на ОнлиФанс, раперот неколку пати ѝ праќал интимни видеа од себе, а исто така и поставувал несоодветни прашања: на пример, за големината на гениталиите на нејзините поранешни момчиња. Таа исто така тврди дека Вест ѝ се јавувал во доцните вечерни часови, ѝ стенкал по телефон и мастурбирал.

Тужбата најпрвин беше пријавена во САД од страна на TMZ, а подоцна беше потврдена од Rolling Stone, The Wrap и US Weekly, кои велат дека судските документи биле поднесени во понеделникот во САД.

Би-Би-Си го контактираше адвокатот на Вест за одговор на нејзините наводи, но сè уште не доби одговор.

Пишота работеше за Вест од јули 2021 година до октомври 2022 година, а по нејзиното раскинување на договорот, се согласија на отпремнина од 3 милиони долари. Во тужбата се наведува дека оваа сума никогаш не ѝ била платена. Пишота освен што го обвини Вест за сексуално вознемирување, го тужи и за прекршување на договорот и злоупотреба на работното место.

Слични содржини