335
На денешната пресконференција пред Министерството за здравство се обрати и директорката на Инфективната Клиника во Скопје.
Имено, таа посочи дека различен е третманот кај секој пациент индивидуално. Некои пациенти со тешка клиничка слика се лекуваат по 14 денови, но има и такви кои мораат подолго да бидат во болничката установа.
„Со зголемување на бројката на пациенти кои се болни се зголеми и смртноста. Изгубивме многу млади луѓе, а дебелината е многу сериозен фактор за лекување. Вишокот на килограми е дополнителен ризик“, истакна Стевановиќ.
Инаку, за потсетување, од ден во ден бројките се повеќе растат, па така во синоќешната статистика беа избројани нови 1275 новозаразени со Ковид 19.