Стјуардеса открива кои се најздодевните патници

од Milan1
82 прегледи

Скај Тејлор од Саутемптон, Англија, 16 години работи како стјуардеса, па почнувајќи со нискобуџетни авиокомпании, стигнала и до „Вирџин атлантик“, каде што сега работи. Таа се обиде да одговори на прашањето: Кои се „најздодевните“ патници?

– Главните проблеми се на патувањата што ги вклучуваат Дубаи и Вегас, каде што има „инфлуенсери“ кои можеби и не платиле целосно. Тие знаат да бидат доста тешки… Мислам, ако ги гледате сите тие суперѕвезди и луѓе кои можат да си ги дозволат билетите, тие се, општо земено, доста пријатни и пристојни луѓе, вели Скај.

Таа верува дека многу од проблемите за стјуардесите, „најчесто се предизвикани од алкохол“, и затоа тие луѓе се однесуваат лошо. Сепак, „инфлуенсерите“ од Лос Анџелес можат да станат и уште полоши поради „други супстанции“.

– Многу е вообичаено во Лос Анџелес луѓето да се напијат апче за спиење, а потоа да земат и да пијат алкохол, вели таа.

Прашана, дали има повеќе проблеми со патниците во економска класа отколку во бизнис-класата, стјуардесата вели:

„Нема разлика, бидејќи никогаш не можеш да предвидиш кој ќе си го промени карактерот, а многу е тешко да се процени и „што земале“ (во меѓувреме)“.

Слични содржини