193
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека членките на алијансата ќе разговараат за договор за посилна поддршка на Украина во конфликтот со Русија, со цел да испратат порака до Москва дека не може да победи во таа војна.
Пред почетокот на состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО, Столтенберг пред новинарите изјави дека во наредните години на Украина и требаат повеќе пари од алијансата.
Столтенберг одбил да ги коментира најавите за создавање фонд од 100 милијарди долари чија цел би била да и помогне на Украина, пренесува Ројтерс.
Во фокусот на состанокот ќе биде одбележувањето на 75 годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.