710
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска го поздрави договорот на Г7 за давање заем од 50 милијарди долари на Украина што треба да се исплати од добивката од замрзнатите руски средства.
„Ако добро разбрав, овие средства нема да се користат за воени цели. Мојот предлог до лидерите на земјите од НАТО, од друга страна, покрива воени потреби, најмалку 40 милијарди евра годишно“, рече Столтенберг, пренесува АНСА.
Самитот на Г7 беше отворен денеска во Борго Игнација, во јужна Италија, со договор на лидерите за заем за Украина, а утре папата Франциско ќе присуствува на состанок на тема вештачка интелигенција.