Столтенберг: Кина и помага на Москва во инвазијата на Украина

од Milan1
29 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Кина и дава најголема помош на Москва во руската инвазија на Украина.

Кина испорачува опрема и технологија што и овозможува на Русија да ги произведе ракетите, бомбите и авионите потребни за напад на Украина, изјави Столтенберг за новинарите за време на самитот на НАТО во Вашингтон.

– Пекинг и помага на Русија во нејзината агресија против Украина. Русија ја нападна Украина, поради што Киев, врз основа на меѓународното право, има право да се брани. Ние и помагаме на Украина да се одбрани, што вклучува напади врз цели на територијата на агресорот, рече Столтенберг.

Слични содржини