166
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за отстранување на нуклеарното оружје од складиштето, негово распоредување и подготвеност, наведувајќи дека транспарентноста во овој случај е одвраќање.
„НАТО разговара за распоредување на повеќе нуклеарно оружје во услови на растечка закана од Русија и Кина“, изјави Столтенберг за британски Телеграф.
Според него, Алијансата мора да го покаже својот нуклеарен арсенал за да испрати директна порака до своите противници.