321
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски на првиот ден од рускиот напад на Украина навести дека има индиции дека тој е означен како цел на атентатот, сега ова е официјално потврдена.
Според странските медиуми, елитните единици на чеченската паравојска се обиделе да го убијат Зеленски, а нивниот обид бил спречен.
„Обидот за атентат е спречен“, изјави Алексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана.
Елитна група Чеченци пристигнала во Киев за да го убијат украинскиот претседател, а не се познати деталите од борбата, ниту колку блиску успеале да дојдат до Зеленски.