Претстојните годишни воени вежби на Јужна Кореја и САД во март ќе бидат најголеми до сега, соопштуваат од јужнокорејското министерство за одбрана. Тоа е знак дека се засилени тензиите со Северна Кореја, која неодамна изврши нуклеарна проба и тестови на балистички проектили.

9b74482ebb2e9f87463dbba6d1c52cc1

ФОТО- Ројтерс

Министерот за одбрана Хан Мин-ку изјави дека во вежбите кои почнуваат во март ќе учествуваат 15 000 американски војници, двојно повеќе од минатата година.  Американскиот носач на авиони кој работи на нуклеарен погон ќе учествува во зафатите, за кои Пјонгјанг секоја година тврди дека се припрема за инвазија на север.

Јужнокорејските разузнавачи соопштиле дека Ким Јонг ун наредил да се извршат подготовки за терористички напади на Јужна Кореја.

 

Слични содржини