Студентите од Јеил ја напуштија церемонијата за доделување на дипломи поради војната во Појасот Газа

од Илинка Илиоска
275 прегледи

Дипломци од Универзитетот Јеил ја напуштија церемонијата на доделување на дипломи во знак на протест поради израелската војна во Појасот Газа, финансиските врски на Универзитетот со производителите на оружје и одговорот на институцијата на пропалестинските демонстрации во кампусот.

Студентите почнаа да излегуваат откако претседателот на универзитетот Питер Саловеј го започна својот говор, носејќи плакати на кои пишуваше „Книги, а не бомби“, како и „Отфрлете ги обвиненијата“ и „Заштитете ја слободата на говорот“, алудираќи на 45-те уапсени студенти во полициската акција во кампусот минатиот месец.

Некои носеа црвени латекс ракавици за да ги симболизираат раскрвавени раце.

Слични содржини