354
Од Студентскиот пленум објавија апел, вечерва од 20 часот до 21 часот сите во домовите да ги исклучиме светлата со цел да го покажеме мракот кој не обви сите нас по оваа невидена трагедија.
„Вечерва, 20.03, од 20:00 до 21:00 часот, да се повлечеме во нашите домови и да ги изгасиме светлата. Ве повикуваме сите, во секој град, село, населба и маало-да го покажеме мракот што не обви и да ги оставиме улиците празни.
Нека молкот зборува – во чест и сеќавање на оние што прерано заминаа”, се вели во нивиот апел споделен на социјалните мрежи.