Суд му заплени 60 милиони долари во биткоини, тој не ја дава лозинката

од Vladimir Zorba

По една пресуда, германски суд се најде во необичен проблем.

Имено, судот не може да дојде во посед на 60 милиони долари во биткоини што ги запленил од осуден измамник, затоа што тој не ја открива лозинката, потврди судот во Кемптен.

Досега судот успеа да продаде само 86 од 1.800 запленети биткоини од човек кој ги заработил хакирајќи ги компјутерите на другите луѓе.

Тоа одговара на износот од 500.000 евра.

Портпарол на судот во четвртокот изјави дека биткоините се заштитени со низа лозинки што ИТ експерти не успеале да ги „пробијат“, а крадецот не ги открил тврдејќи дека ги заборавил лозинките, пренесува SEEbiz.

Човекот беше осуден во 2014 година и ја издржа казната.

Судот тврди дека неговиот паричник со биткоин е блокиран и дека не може да пристапи до него по излегувањето од затвор

Слични содржини