Аргентински суд нареди апсење на Мадуро за злосторства против човештвото

од Milan1
18 прегледи

Аргентински суд вчера нареди апсење на голем број владини претставници на Венецуела, вклучително и претседателот Николас Мадуро, како дел од случај за злосторства против човештвото.

– Аргентинската правда нареди апсење на Николас Мадуро, Диосдадо Кабело и други лидери на венецуелската влада за злосторства против човештвото, соопшти аргентинскиот Форум за одбрана на демократијата кој го покрена случајот.

– Се докажа дека во Венецуела постои систематски план за репресија, присилно исчезнување на луѓе, тортура, убиства и прогон на дел од цивилното население, развиен најмалку од 2014 година до денес, се вели во пресудата на 20 страници на федералниот суд во Буенос Аирес, цитирана од локалните медиуми.

Аргентинските судии својата одлука ја засноваа на принципот на универзална јурисдикција, кој се однесува на случаите на злосторства против човештвото, пренесе ДПА.

Претходно вчера Врховниот суд на Венецуела нареди апсење на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, министерката за безбедност Патриша Булрих и Карина Милеи, сестрата на претседателот и претседателски советник, под обвиненија за перење пари и незаконско лишување од слобода.

Слични содржини