Судење Жан Митрев: Еден оштетен се откажа од оштетно побарување, а другиот не се сеќава дека побарал oштета во обвинителството, но сега бара околу 50.000 евра

од Milan1
162 прегледи

Извори кои присуствувале на денешното рочиште од судењето на кардиохирургот Жан Митрев велат дека еден од оштетените, Драган Малиќ не предјави оштетно побарување, се откажа од барање на било какво оштетно побарување.

Друг оштетен, Лидија Мецановска изјави дека во обвинителството не била прашана за oштета, па се поставува прашање од кого е внесена нејзината наводна изјава дека побарува оштетено побарување и тоа во износ сосема различен од тој што го побара на денешното судење.

Обвинителката Искра Хаџи Василева повеќекратно повторувала навреди за одбраната, од типот дека предлозите биле вон здравиот разум, за да потоа да бара судот да воспостави ред, на што од Судот добила одговор дека заради неа не е можно да се воспостави ред во судницата, велат изворите.

Побаравме коментар од обраната на Жан Митрев при што добивме краток одговор „агресивно попречување на одбраната да ја врши својата законска функција не само на денешното судење туку и во сите претходни”.

На ова рочиште обвинителката повторно навела дека било дозволено да се испитуваат сведоци групно, како што тоа го чинела во овој случај, што за познавачите на правото е признавање на сериозна повреда на Законот за кривичната постапка, или пак натамошна изјава дека таа им укажувала на оштетените што реално можат да очекуваат како оштетно побарување.

Дали со тоа обвинителката признава дека уште пред да започне судењето таа знае каква пресуда ќе биде донесена и им кажува на оштетените што да очекуваат?, прашуваат од одбраната.

Слични содржини