248
Кинеската крајбрежна стража (CCG) денеска соопшти дека нејзиниот брод имал помал судир со филипински трговски брод за кој велат дека илегално влегол во кинеските води кај гребенот Ренаи на островот Нанша во Јужното Кинеско Море.
CCG презеде „регулаторни мерки“ за да одговори на нелегалниот упад на филипински брод утринава во водите кај гребенот Ренај, јавува Ксинхуа.
Филипинскиот товарен брод, игнорирајќи ги острите предупредувања на кинеската страна, намерно и опасно им се приближил на кинеските бродови кои вообичаено пловеле во водите долж ренај Џиао, што ги прекршило меѓународните прописи за спречување судири на море, соопшти кинеската крајбрежна стража.