Судот на Црна Гора донесе одлука: „Kралот на криптовалутите“ нема да биде екстрадиран во Америка

од Симе Стоиков
289 прегледи

Црногорскиот Апелационен суд во средата ја одби жалбата на адвокатот на „кралот на криптовалутите“ Хјеонг До Квон, со што ја потврди одлуката на Вишиот суд донесена на 6 март дека тој ќе биде екстрадиран во Јужна Кореја.

Како што пишува „Bloomberg Adria“, До Квон би можел да биде екстрадиран во Јужна Кореја најрано за време на викендот. Претходно, на 21 февруари истиот суд одлучи да го екстрадира До Квон во Соединетите Американски Држави, но на 5 март Апелацискиот суд на Црна Гора ја укина таа одлука.

Досега, судовите во Црна Гора неколку пати одлучуваа по барањата на Јужна Кореја и САД за екстрадиција на До Квон, кого двете земји го обвинуваат за финансиски малверзации во областа на справувањето со криптовалути.

До Квон и неговиот деловен партнер Чанг Јун беа уапсени на крајот на март минатата година на аеродромот во Подгорица кога се обиделе да отпатуваат за Дубаи со приватен авион со лажни костарикански пасоши.

Чанг Јун беше екстрадиран во Јужна Кореја на 5 февруари оваа година.

Јужнокорејските обвинители веруваат дека До Квон стои зад дебаклот од 40 милијарди долари од тера УСД и Луна. Инвеститорите поднесоа заеднички тужби против Квон во Сингапур и САД.

Квон негираше дека сторил нешто лошо иако им се извини на жртвите од колапсот на неговиот блокчејн систем. Т Тој тврдеше дека јужнокорејските обвинувања против него не се „легитимни“ и дека се „политички мотивирани“.

Слични содржини