Врховниот суд на Бразил го отфрли барањето на опозицијата за претседателот на земјата Дилма Русеф да биде под истрага за корупција, објавија светските новински агенции.

Барањето на опозицијата беше поради растечки корупциски скандал околу државната енергетска компанија “Петробрас”, која Русеф ја водеше во текот на 7 години.

Brazilian President Dilma Rousseff in press conference

Официјалното одбивање на судот е мотивирано со “технички грешки” во поднесеното барање. Тоа беше презентирано од пратениците на Народната социјалистичка партија при поддршката и на другите опозициски партии.

Поради откритијата земјата е преплавена од протести, на кои излегоа милиони по улиците на бразилските градови, а луѓето побараа отстранување од власт на Дилма Русеф.

Во основата на корупцискиот скандал се неколкумина високи функционери од владејачката Партија на трудот, предводена од Русеф. На крајот на 2014-та стана познато дека од името на “Петробрас” тие потпишале договори, добивајќи по 3% провизија за секој договор. Средствата беа искористени за поткуп на политичари и високи државни чиновници.

Преку корупциски шеми биле “искористени” околу 10 милијарди бразилски реали (3,8 милијарди Долари).

Во меѓувреме повторно се продолжи со протестите во земјата од социјален карактер. Илјадници ги блокираа со запалени гуми улиците на Сао Паоло и Рио де Жанеиро. Демонстрантите бараат владата да им обезбеди домови.

Популарноста на Русеф се распадна рекордно. 62 отсто го окарактеризирале нејзиното владеење како “лошо” и “ужасно”. Ова е најлошиот рејтинг на бразилски претседател од 1992 година наваму.

Слични содржини