Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје побара од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да ги достави патни исправи на Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски, за да може да одлучува по однос на предлозите за укинување или замена на мерката притвор за овие две лица, информираат од Кривичниот суд.

katica-janeva-izjava-640x421-640x396

– Откако специјалната обвинителка Катица Јанева по предлогот за укинување или замена на мерката притвор, со понудената гаранција поднесен од страна на обвинетите Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски преку нивните бранители, достави мислење со предлог за укинување, најпрво на точка 2 од чл. 165 ст.1 од ЗКП, осносно влијание на сведоци бидејќи по тој основ не може да се прифати гаранција.

Воедно со предлогот на специјалната обвинителка поднесен до Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје беше побарано советот да ја укине оваа точка со образложение дека единствениот сведок бил и сослушан и немало основ за влијание врз него, па откако ќе се укине оваа точка од решението да се укинат и другите основи од чл. 165 ст.1 точка 1 и 2 и да се прифати понудената гаранција од обвинетите. Покрај ова, во предлогот стои да се определат превентивни мерки, забрана на напуштање на живеалиште и да се одземе патна исправа, точно наведена со број и датум на важност.

Кривичниот совет постапувајќи по предлозите на обвинетите во кои не е наведена ниту предложено одземање на патна исправа, како и по даденото мислење на специјалната обвинителка во кое се наведуваат точни податоци за правни исправи со датуми на важност кои се наведува да бидат одземени, но со оглед на тоа што обвинителката не го известила Кривичниот совет како ги добила овие податоци, ниту пак ги доставила патните исправи за кои што предлага да се одземат, Кривичниот совет се обрати до нејзе за да ги достави наведените патни исправи како би можел да одлучи по однос на предлозите и доставеното мислење, наведуваат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Слични содржини