Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека се уште очекува Велика Британија да започне со депортација на барателите на азил во Руанда во април.
Тоа значи придржувајќи се до првичната временска рамка за планот за кој моментално се расправа во парламентот.
„Сè уште сум посветен на крајниот рок што го поставив претходно, што значи дека ќе почнеме со депортација на пролет“, изјави Сунак за новинарите за време на посетата на англискиот град Ковентри, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека е важно планот за Руанда да биде лансиран и да функционира, бидејќи Британија „мора да ја запре илегалната миграција“.