Светска банка: Глобалната економија би можела да западне во рецесија во 2023 година

од Radmila Tasevska
187 прегледи

Денес, Светската банка ги намали прогнозите за раст за 2023 година на ниво кое е на работ на рецесија за многу земји, наведувајќи го влијанието на засилените зголемувања на каматните стапки, продолжувањето на војната во Украина и колапсот на главните мотори на глобалниот економскиот раст.

Глобалниот бруто домашен производ се очекува да порасне за 1,7% во 2023 година, што, доколку се исклучат рецесиите од 2009 и 2020 година, е најниската стапка во речиси три децении, се вели во извештајот на Светска банка, пренесува Ројтерс.

Во претходниот Извештај за глобалните економски перспективи, објавен во јуни 2022 година, банката прогнозираше глобален раст во 2023 година од 3,0 проценти.

Слични содржини