Светската програма за храна: 45 милиони луѓе во светот гладуваат

од Milan1
346 прегледи

Бројот на луѓе кои се на работ на глад во 43 земји достигна 45 милиони, бидејќи несигурноста со храна во светот нагло се зголеми, предупреди Светската програма за храна (WFP). Скокот од 42 милиони на почетокот на годината на 45 милиони луѓе на кои денес им се заканува глад е последица на ситуацијата во Авганистан, каде што дополнителни три милиони лица се соочуваат со глад, соопшти агенцијата на ОН со седиште во Рим.

„Десетици милиони луѓе се на работ на бездната. Конфликтите, промените во политиките и Ковид-19 го зголемија бројот на гладни луѓе“, вели извршниот директор Дејвид Бисли.

„Последните бројки покажуваат дека 45 милиони луѓе се на работ на глад“, рече тој по патувањето во Авганистан каде што Светската програма за храна им донесе помош на речиси 23 милиони луѓе.

„Цените на горивата растат, цените на храната вртоглаво пораснаа, ѓубривата стануваат поскапи, сите овие фактори поттикнуваат нова криза како онаа што сега се случува во Авганистан со веќе старите кризи како оние во Јемен и Сирија“, рече тој.

За спречување на гладот ​​во светот потребни се седум милијарди долари, што е зголемување во однос на 6,6 милијарди долари на почетокот на годината.

Гладот најмногу ​​е присутен во Етиопија, Хаити, Сомалија, Ангола, Кенија и Бурунди.

Слични содржини