Свиња го нападнала Милован и го каснала по гениталиите: Се бранев удирајќи ја по главата и со јод кој и го истурив на главата

од Илинка Илиоска
101 прегледи

Милован Диниќ од селото Бован кај Алексинац успешно се опоравува од каснување во пределот на гениталиите од свиња што ја чува кога се обидел да истури јод на раната на едно од прасињата. Свињата му ги повредила тестисите на Милован и го гризела, па лекарите од болницата Алексинац морале да го оперираат и да отстранат еден од нив.

„Свињата што имаше повреда на грбот беше кон ѓубрето, а јас тргнав кон неа. Во едната рака држев шише со јод, а во другата држев капаче во кое турив јод. Се обидов да го допрам за да му истурам јод на грбот, но не успеав. Кога застана на вратата, ја фатив за глава, но таа заквичи во тој момент. Свињата веднаш тргна кон мене и ме гризна по гениталиите“, објаснува Диниќ.

Тој рече дека успеал да се одбрани удирајќи ја свињата со дланката и истурајќи ја на главата јодот што го држел во раката.

„Искрварев, но ставив завој и газа и сам успеав да го возам автомобилот до болницата во Алексинац. Веднаш ме прегледаа и направија ултразвук, а докторот рече дека морале да ме оперираат и да ми извадат еден тестис затоа што бил многу набиен, за да не добијам сепса. Имав повреда и на долниот дел од стомакот, свињата ми ја пресече кожата со забите. Бев во болница од 19-ти до 30-ти јуни. Добив инекции, заштитен серум, инфузија. Сега доаѓам по завои, треба наскоро да ги извадам конците“, изјави Милован.

Тој, како што пренесоа српските медиуми, рече дека таа свиња ја чувал околу две години и секогаш била агресивна, па ќе мора да ја продаде кога ќе ги исчува прасињата.

„Ја хранам и знам каква е. Меѓутоа тој ден ја дезинфицирав поради шуга, ја испрскав, можеби поради тоа се изнервира, а ова со прасето уште повеќе ја вознемири и почна кон мене. „Тоа е голема свиња, тежи речиси 200 килограми“, вели Милован.