192
Бројот на нови случаи на коронавирус во светот во текот на изминатата недела е за 14 отсто помал во однос на претходната недела, а бројот на починати е зголемен за 43 отсто, соопшти денеска Светската здравствена организација.
Во соопштението се вели дека повеќе од 10 милиони луѓе биле заразени со корона вирусот минатата недела, додека повеќе од 45.000 пациенти починале, пренесува Тас.
СЗО објаснува дека поголемиот пораст на бројот на смртни случаи се должи на промената на дефиницијата за смрт од ковида-19 во Чиле и САД и променетите извештаи од Индија и регионот на Југоисточна Азија.
Според СЗО, од почетокот на пандемијата на корона вирусот е потврден кај речиси 482 милиони луѓе, додека повеќе од шест милиони починале.