9
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека мајмунските сипаници продолжуваат да претставуваат ризик за јавното здравје и дека вонредната состојба поради епидемијата на сипаници останува на сила.
СЗО прогласи вонредна состојба во август, кога епидемија на нова форма на мајмунска сипаница се прошири од тешко погодената Демократска Република Конго во соседните земји, пренесува „Ројтерс“.
Оваа година, повеќе од 46.000 случаи на инфекција се пријавени низ Африка, главно во Конго, и повеќе од 1.000 сомнителни смртни случаи.