СЗО: Во 2020 година имало 14 милиони повеќе случаи на маларија

од Milan1
226 прегледи

Ковид-19 изврши притисок врз здравствените системи ширум светот, а во земјите каде маларијата е ендемично заболување, мерките против Ковид, односно заклучувањето, ја одложија испораката на мрежи против комарци, додека некои пациенти го пропуштија лекувањето затоа што не можеа да патуваат.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека во 2020 година се забележани повеќе случаи на маларија и повеќе смртни случаи поради нарушувања во превенцијата и лекувањето, кои беа предизвикани од пандемијата на коронавирус.

Во својот годишен извештај за маларија во светот, СЗО соопшти дека во 2020 година имало 14 милиони повеќе случаи на маларија отколку една година порано, и дека починале 69.000 луѓе повеќе отколку во 2019 година, пренесува Би-би-си.

Слични содржини