Сѐ помалку млади Европјани веруваат во демократијата

Сепак, поголемиот дел од европската Генерација Z, односно 57% сѐ уште ја претпочитаат демократијата пред други форми на управување.

од desk2
6 прегледи

Едвај половина од младите во Франција и Шпанија веруваат дека демократијата е најдобрата форма на управување, а поддршката за демократијата е уште пониска кај младите во Полска, покажуваат резултатите на една студија за младите Европјани.

Поголемиот дел од европската Генерација Z, односно 57% сѐ уште ја претпочитаат демократијата пред други форми на управување. Но, од земја до земја, резултатите се разликуваат. Така, тој став го делат 48% од младите Полјаци, околу 51-52 отсто од младите во Шпанија и Франција, додека во Германија процентот е највисок: 71%.

Проучувањето на јавното мислење за Фондацијата TUI го извршил Институт YouGov во април и мај годинава. Фондацијата финансира проекти посветени на европските млади.

Во деветтото годишно истражување за фондацијата TUI биле анкетирани повеќе од 6 700 испитаници на возраст од 16 до 26 години. Станува збор за млади од Обединетото Кралство, Германија, Франција, Шпанија, Италија, Грција и Полска.

Повеќе од еден на пет испитаници на европско ниво, односно 21%, даваат поддршка за авторитарно владеење во одредени околности. Највисок е процентот во Италија – 24%, потоа следат Франција, Шпанија и Полска со 23%, а најмала поддршка за авторитарно владеење даваат младите од Германија – само 15%.

Речиси еден од секои 10 млади испитаници кажал дека не го интересира дали владата во неговата земја е демократска или не, а 14% не знаат како да одговорат или не одговориле.

Торстен Фаас, политиколог од Слободен универзитет Берлин, којшто работел на истражувањето на јавното мислење, поддршката за демократијата паѓа на само 33% помеѓу испитаниците што се сметаат за десноцентристи и се чуствуваат економски нерамноправни.

Дури 48% од испитаниците се плашат дека демократскиот систем во нивната земја е загрозен, вклучително 61% во Германија, чија економија е најголема во Европа, но сега е во рецесија. Таму крајната десница постигна голем политички напредок, повлијаен во одреден дел и од зголемената поддршка од младите.

Од младите испитаници во Обединетото Кралство, дури 73% сакаат враќање во ЕУ.

На прашањето за политички ставови, 19% од сите 6 700 испитаници се определиле во политичката десница или во политичкиот центар, што е зголемување во однос на 2021 година, кога таа бројка изнесувала 14%. Точно една третина од испитаниците се сметаат за центристи, 32% се левичари, а 16% не можеле да се определат.

Младите жени во Германија, Франција и Италија се определуваат себеси како прогресивни во поголем степен отколку пред четири години, додека младите мажи во Полска и Грција во истиот период станале поконзервативни.

Слични содржини