Таџикистан негира вмешаност на негови државјани во нападот на салата Крокус

од Симе Стоиков
394 прегледи

Двајцата државјани на Таџикистан, чии имиња беа споменати во полициските информации кои ги пренесуваат руските медиуми, не биле вклучени во терористичкиот напад, се наведува во официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи на таа земја.

„Двајцата државјани на Таџикистан чии имиња се споменати во полициската белешка не се вклучени во терористичкиот напад. Таџикистанските државјани Ривојдин Исмонов и Махмадрасул Насридинов немаат никаква врска со терористичкиот напад, со оглед на тоа што се вратиле од Русија уште во ноември 2023 година и оттогаш се во Таџикистан и живеат во нивното место на живеење“, се наведува на официјалната веб-страница на Министерството за внатрешни работи на земјата.

Третото лице кое се споменува e државјанин на Таџикистан, Рустам Назаров, кој, според Министерството за внатрешни работи на земјата, моментално работи како таксист и живее во Самара.

Исламската држава (ИД) денеска објави фотографија во која тврди дека на неа се четворицата напаѓачи кои го извршија смртоносниот терористички напад на концертната сала Крокус во близина на Москва во кој загинаа најмалку 133 лица, објави новинската агенција ИД Амак на својот канал Телеграм.

„Нападот беше извршен во контекст на безмилосна војна меѓу Исламската држава и земјите кои се борат против исламот“, се вели во соопштението на новинската агенција Амак, пренесува Ројтерс.

Слични содржини