Тајани: Западен Балкан треба да се приклучи на ЕУ пред Украина, се надеваме пред 2030 година

од Milan1
233 прегледи

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денеска дека Западен Балкан треба да се приклучи на Европската унија пред Украина и изрази надеж дека тоа ќе се случи пред 2030 година.

Во Луксембург, каде што одржува состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, Тајани, запрашан за коментар за фактот дека Украина утре официјално ќе ги започне преговорите со ЕУ, рече дека ЕУ е подготвена да ја поддржи таа земја во секој сектор, вклучително и во борбата против корупцијата, но нагласи дека на ред треба да дојде Западен Балкан пред Украина.

„Пред Украина има многу земји од Западен Балкан. Треба да одиме понатаму и се надевам на полноправно членство на земјите од Западен Балкан пред 2030 година, а потоа треба да работиме со Украина и Молдавија. Мислам дека е важно да веднаш да се започне дијалог со Украина“, изјави Тајани.

Слични содржини