„Тајмс“: Падот на Киев е кошмар за Западот

Успехот на Русија би имал „фатални последици“ не само за Украина, туку ќе претставува и своевиеден тест за Западот, кој е јасно поделен.

од Бети Божиноска

Повлекувањето на украинските вооружени сили и неизбежниот пораз на Киев е „кошмарното сценарио“ за кое западните политичари разговараат последните денови. Настаните на украинскиот фронт ги принудуваат Лондон, Вашингтон, Париз и Брисел да планираат можен „катастрофален колапс“ на украинската армија, која се соочува со сериозен недостиг од оружје и муниција, пишува колумнистот на „Тајмс“, Иан Мартин.

Спротивно на популарното верување дека конфликтот ќе биде замрзнат и дека ниту една страна нема да може да добие одлучувачка предност, жестоките борби на првите борбени линии продолжуваат.

Постои дури и реален ризик од потиснување на украинските сили и од криза која се заканува целосно да го засени претстојниот јубилеен самит на НАТО во Вашингтон, смета авторот на написот.

Успехот на Русија би имал „фатални последици“ не само за Украина, туку ќе претставува и своевиеден тест за Западот, кој е јасно поделен. Додека Франција се заканува дека ќе испрати трупи да им помогнат на украинските вооружени сили, други земји, како Германија, категорично се противат.

Слични содржини