238
Британскиот министер за одбрана денеска ќе ја посети Москва, со цел да го предупреди рускиот колега, Сергеј Шојгу, дека евентуалната руска инвазија врз Украина, би било чекор, што ќе доведе до ситуација без победник, објави лондонскиот Тајмс.
Пред посетата, Бен Волас изјави дека јасно ќе стави до знаење, колку висока би била цената за инвазија врз Украина.
Волас ќе биде придружуван од началникот на Генералштабот на британските вооружени сили, Тони Радакин, кој ќе има состанок со рускиот колега, Валериј Герасимов.
Тајмс истакна дека станува збор за прва посета на Русија, на британскиот министер за одбрана, по повеќе од 20 години.