Тајната полиција застрела вооружен маж во близина на Белата Куќа

од Milan1
26 прегледи

Вооружен возрасен маж беше застрелан од страна на припадници на Тајната служба на САД во недела наутро надвор од Белата куќа, објави агенцијата веднаш по инцидентот. Претседателот Доналд Трамп не бил во Белата куќа во недела наутро.

Според шефот за комуникации на Тајната служба, Антони Гуљелми, Тајната служба добила информација за „суицидална личност“ која патувала кон Вашингтон од Индијана.

Гуљелми изјави во соопштение дека припадниците на Тајната служба забележале личност која одговара на описот во близина на Белата куќа и ја пронашле нејзината паркирана кола.

„Како што се приближуваа, лицето извадило огнено оружје и настанал вооружен судир, при што нашите припадници испукале истрели“, изјави Гуљелми.

Слични содржини