Тактика од ИСИС, Азов од брегот истрела противтенковски проектили врз руски патролен брод (ВИДЕО)

од Milan1
279 прегледи

Припадниците на украинскиот полк Азов кој го сочинуваат припадници на десничарското движење, неонацисти и платеници од целиот свет, изјавија дека го оштетиле патролниот руски брод на Црноморската флота „Раптор“, со противтенковски проектил лансиран од брегот.

Засега е невозможно да се потврди оваа информација, но на социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како припадник на овој милитантен баталјон со противоклопна ракета и истрелува проектил од брегот.

Оваа тактика ја користеа и припадниците на Исламската држава кои оперираа на Синајскиот Полуостров, од каде на речиси идентичен начин пукаа кон египетските патролни бродови и чамци од брегот.

На оваа снимка се гледа и истрелување на ракета, која го промашила патролниот брод, но тој бил погоден при вториот истрел.

Засега нема информации за бројот на загинати, само се вели дека наводно биле ранети двајца руски морнари.

Слични содржини