Таравари: Гостивар е единствена општина во светот каде што се вее ромското знаме и многу сум горд на тоа

од Nikola Popovski
461 прегледи

Во Гостивар со векови има повеќе етнички заедници коишто меѓусебе живеат релативно добро. Во Гостивар се користат три јазика, македонскиот, албанскиот и трускиот јазик, изјави градоначалникот на општина Гостивар, д-р Арбен Таравари.

Тој на јавниот настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, организиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода, нагласи дека во 2021 година консензуално сите советници донесовме одлука да се користи и ромското знаме.

-Ние сме единствена општина во светот каде што се вее ромското знаме и многу сум горд на тоа. Генерално одлуките коиѓто се однесуваат на меѓуетничките односи во Советот на Општината за наша среќа се донесуваат со консензус, рекол Таравари.

Слични содржини