708
Претседателот на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари на новинарско прашање за преговорите за формирање на Влада, рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.
„Верувам дека следната недела преговорите ќе завршат. Тимовите интензивно работат на владината програма, но во исто време верувам дека од понеделник ќе почне и поделбата на ресорите“, рече Таравари.
Таравари е оптимист дека конечниот договор за формирање Влада ќе биде постигнат до петок.
„Во моментов е многу позитивна атмосфера, има разбирање од двете страни и јас сум голем оптимист дека до петок ќе го имаме конечниот договор за идната влада“, изјави Таравари.