Градоначалникот на општина Гостивар и генерален секретар на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари вечерва информираше дека пратеничката од нивните редови добила парична понуда за да прејде во актуелното парламентарно мнозинство.
-Во оваа држава се може да се направи. Пратеничката добила понуда од другари од премиерот. Ова е циркуз држава, вели Таравари во Дневникот на ТВ Сител.
Според него, Албанците 20 години патат од ДУИ.
-И ние сме за евроинтеграции на државата. Сите такви закони сме ги поддржале. Без Алтернатива, оваа влада немаше да опстои ниту еден месец, истакнува Таравари и додава дека „Димитар Ковачевски за него бил анонимус и морал да го побара на Гугл“.
-Не ни требаат кукли – водачи. Според наши информации, кон средината на јануари Заев ќе се повлече како премиер на државата. Ако Заев не е премиер, ДУИ ќе ги патосира. Тие се фантастични во тоа. Ќе постават нови услови, штом биде поставен нов претседател на владата, смета градоначалникот на Гостивар.