Тасева: Владата да не се истрчува со изјави во врска со Извештајот на Транспаренси интернешнл

360 прегледи

Во своето гостување во „Што не е јасно“, Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл, посочи дека од 2001. година, С.Македонија била рангирана околу 60. до 70. место, почнувајќи од првата Стратегија за спречување на корупцијата, и иако во 2003. имаше надеж дека се стремиме кон 50. место, оваа година бележиме голем пад и се наоѓаме на 111. место на Извештајот за корупција. Индексот, како што вели Тасева покажува дека треба да се направи реформа во судството, што е и очекувано.

Владата исто така, како што вели таа, не треба да се истрчува со изјави и реакции околу извештајот изготвен од Транспаренси.

Слични содржини