Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша Закон за кој критичарите велат дека ќе ја ослабне независноста на антикорупциските тела, предизвикувајќи протести во земјата и меѓународни критики.
Би-Би-Си објави дека критичарите велат дека новиот Закон го поткопува авторитетот на Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) – ставајќи ги под контрола на државниот обвинител назначен од Зеленски.
Во синоќешното обраќање, Зеленски рече дека обете агенции ќе продолжат да „работат“, но дека треба да бидат исчистени од „руското влијание“.
Откако Законот беше усвоен во украинскиот парламент, стотици луѓе се собраа во Киев на најголемиот антивладин протест од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година.
Дописникот на британската медиумска служба јавува дека демонстрации се регистрирани во Лвов, Днепар и Одеса.
Се вели дека на еден од транспарентите што ги држеле демонстрантите пишувало „Ја избравме Европа, а не автократија“, додека на друг пишувало „Мојот татко не умре за ова“.