Популарната американска пејачка Тејлор Свифт во петокот ја почна првата турнеја „Ерас“ после пауза од 5 години. За тоа време, таа издаде 4 албуми, меѓу кои и „Фолклор“, за кој доби Греми награда. Првиот голем настап во живо после пандемијата траеше над 3 часа, а таа испеа 44 песни.
„Не можам ни да ви доловам колку ми недостигавте“, им рече 33-годишната Свифт на обожавателите на првиот концерт од турнејата.
Оваа турнеја постави рекорд за најмногу продадени билети за концерт на музичар во еден ден, од 2,4 милиони. Најавено е дека ќе има 52 концерта.