Технолошките компании отпуштија 34.000 луѓе од почетокот на годината

од Radmila Tasevska

Технолошките компании отпуштиле 34.000 луѓе од почетокот на годината, пишува Фајненшл Тајмс, кој се повикува на податоци од специјализираната веб-страница Layoffs.

Експертите веруваат дека фирмите отпуштаат вработени бидејќи се фокусираат на нови активности и области како што е генеративната вештачка интелигенција (ВИ).

Од почетокот на 2024 година, отпуштија работници 38 технолошки компании, а меѓу нив се Мајкрософт, Снеп, Ибеј и Пејпал.

Сепак, отпуштањата во технолошкиот сектор не се толку бројни како на почетокот на минатата година.

Во целата 2023 година, 263.000 луѓе беа отпуштени во технолошкиот сектор.

Слични содржини