Телата на 1.150 цивили се пронајдени од почетокот на конфликтот во регионот на Киев

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Од почетокот на конфликтот во регионот на Киев, пронајдени се тела на 1.150 цивили, а 50 до 70 отсто од нив имаат рани од куршуми од мало оружје, соопшти денеска киевската полиција.

„До денес пронајдовме, испитавме и им предадовме на форензичките институции 1.150 тела на загинати цивили“, изјави началникот на киевската полиција Андриј Небитов во видео објавено на Твитер, на кое се гледаат урнатините на зградите уништени за време на тешките борби во регионот на Киев, пренесува Ројтерс.

Украинските власти тврдат дека цивили во Буча биле убиени од руските сили за време на окупацијата на таа област, а Ројтерс наведува дека не може да го провери бројот на загинатите луѓе во Буча, ниту околностите на нивната смрт.