Телефонски му се заканувал на полицаец, бидејќи го сопрел поради прекршок

од Milan1
13 прегледи

Вчера во 20.50 часот, во ОВР Струга е пријавено дека Б.С.(49) од струшкото село Мислодежда, упатил телефонски закани кон полициски службеник кој претходно на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, го сопрел возилото „Голф“ што го управувал, поради сторен прекршок.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.