Во јануари 2021 година, месинџерот „Телеграм“ беше апликација, со исклучок на видео игрите, со најмногу преземања во светот надминувајќи ги популарните „Тик Ток“ и „Ватсап“, според податоците на компанијата „Сензор Тауер“, која се занимава со анализа на дигиталниот пазар.
Како што се наведува, „Телеграм“ е инсталиран 63 милиони пати, што е скоро четирипати повеќе во споредба со истиот период минатата година. Најголем пораст на преземањата на месинџерот е забележан во Индија и Индонезија.
На второ место е апликацијата „Тик тТок“ со 62 милиони преземања, додека меѓу петте лидери се наоѓаат апликациите „Сигнал“, „Фејсбук“ и „Ватсап“.
Во исто време, „Телеграм“ беше на прво место и по бројот на преземања од „Google Play Store“, а на четвртото место според бројот на инсталирања од „App Store“. Сепак, тоа не влијаеше на крајниот резултат и водството на апликацијата.
Во јануари 2021 година дојде до сериозни промени во сферата на социјалните мрежи и месинџерите. Откако приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја окупираа зградата на Конгресот на 6 јануари, многу социјални мрежи ги блокираа профилите на Трамп и објавија дека имаат намера да ја интензивираат борбата против екстремистичката содржина. Една од најголемите апликации за пораки во светот, Ватсап, ги заостри правилата за испраќање пораки. Како резултат на тоа, другите месинџери и социјални мрежи се здобија со популарност.
Американската организација „Коалиција за побезбеден Интернет“ од Америка го обвини „Телеграм“ дека е платформа за ширење закани и координирање на расистички насилни акции, особено пред инаугурацијата на новиот американски претседател Џозеф Бајден и по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис. Таа од судот побара да се избрише апликацијата од „App Store“.
Треба да се спомене дека авторот на Телеграмот е Русинот Павел Дуров, основач на една од најпопуларните социјални мрежи во светот – „Вконтакте“.