Телевизиската серија за атентатот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ доби награда во Кан

од Симе Стоиков
220 прегледи

Серијата „Сабја“ беше наградена на фестивалот во Кан за најдобра интерпретација на целата актерска екипа, а интересно е тоа што се уште не е прикажана во Србија.

Серијата „Сабја“, во коавторство на Горан Станковиќ и Владимир Тагиќ, е за најтешкото политичко злосторство во поновата историја на Србија.

Политичкиот трилер за убиството на Ѓинѓиќ и настаните пред и по 12 март 2003 година, е во продукција на РТС и i This and That Productions.

Истата беше наградена на фестивалот за серии во Кан (Кансерии) за најдобар актерски ансамбл.

„Не беше лесно уметнички да и се пристапи на ваква тема, за време на снимањето го гледавме секој збор и гест и навистина мислам дека ја заслуживме наградата“, вели за Би-би-си на српски, актерот Драган Миќановиќ, кој го толкува Ѓинѓиќ во серијата.

Серијата се снимаше пет години, а покрај Миќановиќ, главните улоги ги толкуваат Милица Гојковиќ, Љубомир Бандовиќ и Лазар Тасиќ.

На Фестивалот на сериите во Кан беа прикажани две епизоди кои беа одлично прифатени од публиката, велат актерите.

Слични содржини