Телевизиското шоу собра шест милијарди долари за помош на настраданите од земјотресот во Турција

од Radmila Tasevska
137 прегледи

За време на седумчасовната хуманитарна емисија емитувана на стотина различни ТВ и радио станици во Турција, собрани се вкупно 6 милијарди евра за помош на настраданите од земјотресот, објави денес Блумберг.

Во телефонски разговор во емисијата во живо, гувернерот на турската централна банка, Шахап Кавчиоглу, рече дека институцијата ќе донира 30 милијарди лири или околу четвртина од парите собрани за време на шоуто.

Банка Зират донираше 20 милијарди лири, Вакифбанк 12 милијарди, а Халкбанк 7 милијарди лири.

Слични содржини