Вчера претпладне било пронајдено тело на почината жена во водите на реката Вардар кај скопското село Таор, соопшти МВР.
„На 09.01.2025 во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон с.Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки“, информираат од МВР.
Телото од реката го извадила екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, а по наредба на јавен обвинител, било предадено на обдукција.