Температурата на Мон Блан над нулата цели 33 часа

од Milan1
45 прегледи

Топлотниот бран кој моментално ја погоди Италија и околните земји е толку силен што ја погоди и највисоката точка во тој дел од Европа. Температурите на воздухот на Мон Блан, на надморска височина од 4.807 метри, беа над нулата за време на викендот цели 33 часа, објави АРПА, регионалната еколошка организација за долината Аоста.

– Температурите на воздухот, забележани во автоматската метеоролошка станица во Коле Мајор, на 4.750 метри надморска височина, од 10 август на полноќ до 11 август во 9 часот се над нулата цели 33 часа – се наведува во соопштението.

Вакви високи температурни вредности се забележани, само во пократки периоди, на 5 август (пет последователни часа) и на 18 и 30 јули, објави АРПА.

Во соопштението се наведува дека последиците од италијанскиот топлотен бран се одразиле на температурата на највисоката планина во Западна Европа, јави „Анса“.

Слични содржини