🎥 Тепачка во турскиот парламент, се тепаа пратеници на Ердоган и опозицијата

од Milan1
27 прегледи

Во турскиот парламент денеска изби тепачка откако еден опозициски пратеник беше нападнат откако го спомна својот колега, Кан Аталај, кој е затворен поради обвиненија за финансирање на антивладини протести и кој подоцна беше избран за пратеник,и повика тој да биде примeн во парламентот.

На видео снимката се гледаат пратеници од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) како трчаат да го нападнат пратеникот Ахмет Шик додека зборуваше, додека уште десетици други се приклучуваат на тепачката. Некои пратеници се обидуваат да ја смират ситуацијата.

Кан Аталај беше осуден во 2022 година на 18 години затвор поради наводно организирање на протестите во паркот Гези во 2013 година заедно со Осман Кавала и уште шестмина други. Сите обвинети ги отфрлија обвиненијата.

И покрај затворската казна, Аталај во мај минатата година беше избран за пратеник од Работничката партија на Турција (ТИП). Парламентот првично му го одзеде местото, но на 1 август Уставниот суд го прогласи неговото исклучување за неважечко.

Слични содржини